Грција потврди, од 14 мај границата отворена за вакцинираните или тестираните Македонци

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, добил потврда дека границата со Грција се отвора за нашите граѓани на 14 мај. Условот за патување е сертификат за примени вакцини или негативен ПЦР тест, а се преговара и за прифаќање на резултатите од брзи антигенски тестови.

„Вчера разговарав со грчкиот министер за туризам Харис Теохарис кој потврди дека границата се отвора на 14 мај, а за тоа ќе добиеме и официјално известување. Условот е граѓаните кои ќе патуваат да имаат или сертификат за примени вакцини или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Она што се размислува сега, за некои земји, не само за Грција, е да може да се патува и врз основа на брз антигенски тест. За тоа ќе не известат во следниот период“, рече денес министерот Филипче.

Македонците вакцинирани во Србија, ќе можат да патуваат со документот за вакцинација издаден од српските здравствени власти. Министерот Филипче вели дека тој документ се признава оти го има истиот код кој што го имаат и сертификатите за вакцинација што ги издаваат нашите здравствени власти.

Во Србија се вакцинираа околу 15.000 Македонци. Голем дел од нив ја примија вакцината од „Астра зенека“ од која втората доза е за три месеци. Тие се уште чекаат одговори од здравствените власти како да постапат за втората дози, оти кај нас оваа вакцина е забранета за лица под 60 години поради згрутчувањето на крвта поврзано со вакцината. За нив Македонија и Србија се во преговори и за локацијата каде што ќе можат да ја примат втората доза. Србија извести дека веќе им резервирала втори дози на сите вакцинирани кај нив, но предложи, доколку се утврди дека е така полесно овие вакцини да ги отстапи на Македонија за граѓаните да можат дома да ја примат втората доза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски

Километарски колони и доцнења на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција

Горан Наумовски

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини