А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грција понуди Меморандум за разбирање со Македонија

by А1он04/10/2012 - 14:00214
Share0

Предлог Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Грција преку писмо до шефот на македонската дипломатија Никола Попоски понуди неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос.

Добивај вести на вибер

Во предлог-меморандумот се содржани генералните принципи за кои Македонија и Грција треба да се согласат во меѓусебните односи, меѓу кои се потврдување на заедничките граници, меѓусебно почитување на интегритетот и независноста на двете земји и потврда дека Скопје и Атина меѓусебно немаат територијални претензии.

Меѓу другото, Атина предлага Грција и Македонија да се согласат дека конечното решение на спорот со името ќе содржи одредница што јасно ќе ја одвои територијата на Република Македонија од регионот Македонија, особено делот од тој регион во северна Грција.

„Се согласивме дека со цел да се овозможи свеж поттик во содржината на преговорите под покровителство на Генералниот секретар на Обединетите нации, важно е да се продолжи врз основа на согласената рамка на основните параметри на решение што ќе вклучи договор врз основа на фактот дека кој и да е предлог треба да содржи јасна и конечна одредница во однос на името, што нема да остави двосмислености во однос на разликувањето на територијата на поранешната југословенска Република Македонија и регионите на соседните земји, особено во однос на регионот Македонија во северна Грција, и името за кое ќе се согласиме ќе биде употребувано од сите – ерга омнес и за сите цели”, стои во текстот на предлог-меморандумот.

Во пропратно писмо на Аврамопулос адресирано до Попоски, шефот на грчката дипломатија ја истакнува потребата од конечно затворање на прашањето за името.

„Земајќи ја предвид потребата од натамошно подобрување на односите меѓу двете земји на сите ниво, предлог Меморандумот за разбирање вклучува генерални принципи на водење на добрососедски односи, почитување што е важно во нашите напори да обезбедиме мир, просперитет и заемно разбирање во нашиот регион”, вели Аврамопулос во писмото до Попоски.

„Уверен сум дека ќе се согласиме со мене, драг колега, дека имаме обврска да пристапиме кон прашањето за името во добра волја и на конструктивен начин. Постигнувањето на заедничко решение во долгогодишниот спор неповратно ќе води кон целосна нормализација на нашите односи и кон исполнување на аспирациите на нашите два народи”, му пиша Аврамопулос на Попоски.

Понудувањето на Меморандум за разбирање од Атина до Скопје следува на само една недела по средбата на Аврамопулос и Попоски во Њујорк.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен