Грција не учествува на самитот во Лондон поради Македонија

Од:

Претствници на Грција не присуствуваат на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт во Лондон, затоа што нашата земја учествува под името Македонија.

Актерката и амбасадорка на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Анџелина Џоли и британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, се домаќини на четиридневниот самит на кој присуствуваат претставници од над 140 држави од светот, меѓу кои и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Иако на самитот нема грчки претставник, локалните медиуми јавуваат за случувањата во Лондон, констатирајќи дека грчкото не присуство е голем пропуст, јави дописникот на МИА од Атина.

Во својот говор на отворањето на самиот, Џоли истакна дека силувањето се користи како воено оружје при што најголем дел од насилниците не се казнуваат и ги повика светските лидери да се обединат и да преземат мерки против силувањата и сексуалното насилство за време на конфликти.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски