Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Од:

Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе интервенираат.

Додадоа дека испраќањето копнени и воздушни е по билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, а грчката Влада веднаш позитивно одговорила на барањето за помош.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, како што претходно објави МИА, преку Фејсбук порача дека „потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ“

Пожарот кај ова се гасне веќе трет ден.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче