А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчко МНР: Преименувањето на аеродромот и автопатот – позитивен чекор и пресврт по сè што беше направено во последната деценија

by А1он07/02/2018 - 10:02104
Share0

Грчкото Министерство за надворешни работи официјално ја поддржа одлуката на македонската влада за промена на имињата на аеродромот во Скопје и автопатот од главниот град до грчката граница.

Добивај вести на вибер

„Се надеваме дека ова ќе значи нов почеток во односите меѓу двете земји и двата народа. Ја поздравуваме одлуката на македонската Влада да ги промени имињата на аеродромот во Скопје во „Меѓународен аеродром – Скопје“, како и автопатот од главниот град до границата со Грција во „Пријателство“. Одлуката е позитивен чекор и пресврт по сè што беше направено во последната деценија и ги усложни односите меѓу двете држави. Тоа е значаен развој за справување со иридентизмот“, пишува во официјалното соопштение на грчкото Министерство за надворешни работи.

Соопштението беше објавено само неколку часа по заедничката прес-конференција на македонскиот премиер Зоран Заев и шефот на делегација на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, .

„Автопатот кој ја поврзува Македонија со Грција сега ќе се нарекува „Пријателство“, а аеродромот, кој до сега го носеше името „Александар Македонски“, ќе се вика меѓународен аеродром Скопје“, рече Заев. Според него, овој чекор на македонската влада ја истакнува подготвеноста на Македонија за градење добрососедски и пријателски однос со Грција.

„Сакам да успее преговарачкиот процес, ние сме подготвени за географска одредница и тука ќе застанам затоа што знам дека ова е чувствително прашање. Да дадеме шанса да успее преговарачкиот процес. Јавно се позиционираме, нашите ставови се јавни и се надевам на решение“, изјави Заев.

grcijaimeto

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он02/03/2026 - 18:01

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски08/02/2026 - 15:4008/02/2026 - 15:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен