Грчките медиуми за синоќешниот состанок на Нимиц со Јолевски и Василакис

Од:

Речиси сите грчки медиуми синоќа и денеска  јавија за средбата меѓу медијаторот Метју Нимиц и амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, цитирајќи ја државната агенција АНА-МПА, засега без коментари.

Грчкото Министерство за надворешни работи ја објави само изјавата на Василакис дека состанокот бил корисен и со цел да се види до каде се во преговарачкиот процес.

„Грција конструктивно учествува и цврсто ги поддржува преговорите под покровителство на ОН и личниот мандат на Нимиц“, ја објавува грчкото МНР изјавата на Василакис кој уште еднаш повторува дека Грција поднела „специфичен предлог за потпишување на меморандум за разбирање меѓу двете страни“.

И грчките медиуми претежно се фокусираат на меморандумот кој, според Василакис, е „идеална основа за постигнување напредок, доколку постои потребната желба и политичка волја од страна на Скопје“.

Во Грција денеска се добива впечаток дека токму меморандумот бил централна тема на состанокот Нимиц-Јолевски-Василакис. Сите гласила јавуваат дека Нимиц изјавил оти дискусијата била фокусирана на стари и нови идеи и дека тој дал и други предлози кои треба да бидат разгледани од Атина и Скопје. И потоа, како да се демантираат самите себеси, нагласуваат дека „меморандумот, на кој се уште нема одговор, бил во центарот на вниманието“.

Нема ниту збор за тоа дека Нимиц го потсетил Василакис дека само тој зборува на вакви прес-конференции, кога грчкиот амбасадор го прекинал првото прашање на прес-конференцијата додека самиот не го прочита својот подготвен текст во кој го промовирал грчкиот меморандум за решавање на спорот и грчката конструктивност.

Новинарските прашања за грчките медиуми не се важни. Нема ниту збор за тоа дека Нимиц во одговор на новинарско прашање рекол дека „сите ја знаеме важноста на Меѓународниот суд на правдата и важноста да се почитуваат неговите одлуки“.

За изјавите на амбасадорот Јолевски на прес-конференцијата јавуваат само еден или два медиуми. Според нив, Јолевски „од својата позиција тврдеше дека неговата земја бара решение кое ќе го заштити идентитетот и достоинството на македонскиот народ… во согласност со меѓународното право и меѓународните принципи и да биде взаемно прифатливо за двете страни“.

Грчкиот преговарач Василакис сега ќе ја информира Владата во Атина за состаноците во Њујорк „за да можат да се разработат следните чекори во рамките на грчкиот предлог“, соопшти грчкото МНР цитирајќи ја изјавата на Василакис.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски