Грчки медиуми: Провокација од Сиљановска, ја нарече земјата „Македонија“

Од:

„Провокација од Сиљановска“ е коментарот на дел од грчките медиуми во текстовите за инаугурацијата на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова поради употребата на терминот „Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција го пренесуваат текстот на државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Северна Македонија: Гордана Сиљановска положи заклетва како претседателка на земјата, која ја нарече „Македонија“.

Во текстот пишува дека „Сиљановска, за време на заклетвата, државата ја нарече „Македонија“, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го читаше претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, повикувајќи ја Сиљановска да повтори, земјата беше спомената како „Северна Македонија“.

-Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софиа Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за инаугурацијата на Гордана Сиљановска, си замина во знак на протест поради фактот што претседателката за време на нејзината заклетва ја нарече земјата „Македонија“, прекршувајќи го Договорот од Преспа, пишува АНА-МПА.

„Северна Македонија: Провокација од новата претседателка-земјата ја нарече Македонија“; „Северна Македонија: Грчката амбасадорка ја напушти инаугурацијата“; „Северна Македонија: Гордана Сиљановска ја нарече Македонија“; „Северна Македонија: Го кажа и го стори тоа новата претседателка“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Политичката волја во ЕУ клучна за забрзување на проширувањето

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае