Грчки медиуми: Папуљас испрати строга порака до Скопје

Од:

Со коментари „Папуљас испрати строга порака до Скопје“ и „решавањето на прашањето за името ќе ги отвори вратите за НАТО и ЕУ“, грчките медиуми посветуваат големо внимание на интервјуто на грчкиот претседател за „Политика“ и на неговите средби со државниот врв во Белград.

Според гласилата во Атина, Папуљас „од вистинско место испратил порака до македонските власти и во интервјуто за ’Политика’ предупредил дека Скопје инсистира на иделоголијата на македонизмот, со што си ги остава затворени вратите на НАТО и ЕУ“.

Под наслов „Грчкиот претседател го нападна Скопје за непопусливост во спорот за името“, весникот „Катимерини“ пишува дека „Папуљас од Белград ја повика Владата на Македонија да се откаже од својата непопустливост во тековниот спор околу името, кој ги блокираше ЕУ и НАТО амбициите на  балканската држава“.

Весникот потсетува дека прашањето за името било спомнато и на состанокот меѓу Папуљас и Николиќ при што грчкиот претседател „ја повторил искрената намера на неговата земја што е можно побрзо да се најде взаемно прифатливо решение и истакнал дека принципот на добрососедство е клучен услов за европската иднина на секоја земја –кандидат за членство во Унијата“.

Известувајќи за посетата на Папуљас на Белград и неговото интервју, „Имерсија“ потенцира дека тој е за што е можно побрзо решавање на прашањето за името.

„Елефтеротипија“ во насловот извлекува дека „Папуљас и порача на Македонија да се откаже од македонизмот“ и подвлекува дека решавањето на прашањето за името ќе ги отвори вратите за членство во НАТО и ЕУ.

Коментирајќи ја изјавата на грчкиот претседател за „македонизмот“, весникот пишува дека „Папуљас и во минатото го има употребено тој термин за да го осуди монополизирањето од страна на Скопје на терминот Македонија и неговите деривати во името на државата, националноста и јазикот”.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски