Грчки медиуми: Министерката за труд на Северна Македонија не ја трга таблата со старото име

Од:

Ставот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи дека ќе продолжи да ја користи таблата со старото име, го објавуваат медиуми во Грција, пренесувајќи го текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

„Северна Македонија: Продолжува да провоцира министерката за труд“; „Скопје: Министерката за труд не ја симна таблата со името „Република Македонија“; „Министерка на Северна Македонија инсистира на старата табла“; „Министерката од ВМРО одново се појави пред контроверзната табла Република Македонија“; „Северна Македонија: Министерката за труд не ја трга таблата со старото име на земјата“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.


-Министерката за труд и социјална политика од техничката влада на Северна Македонија, Рашела Мизрахи, на прес-конференција за темите од нејзиното министерство, повторно се појави пред „контроверзната“ табла на која е напишано претходното име на земјата (Република Македонија). Мизрахи која доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, прашана за конкретното, изјави дека таблата ја наследи кога ја презеде министерската функција на почетокот на јануари и нема намера да ја смени, пишува грчката новинска агенција во текстот под наслов „Северна Македонија: министерката за труд ја користи таблата со старото име на земјата“ што го презедоа останатите онлајн изданија на медиумите во Грција.

Медиумите, паралелно, ја пренесуваат и веста за ратификацијата во македонското Собрание на протоколот за членство во НАТО, текст исто така објавен и преземен од државната новинска агенција АНА-МПА.

Во текстот, објаснето е дека останува уште Шпанија да го ратификува протоколот за членство на нашата земја во НАТО, веројатно во текот на март, но дека тогаш „ќе се распушти Парламентот на Северна Македонија за да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април“, а пренесен е и дел од говорот на претседателот Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Обвинителството

(ВИДЕО) Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

Горан Наумовски