А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчки медиуми: Француска интервенција за Скопје

by А1он26/07/2013 - 12:3080
Share0

Францускиот претседател Франсоа Оланд е подготвен да игра активна улога во решавање на прашањето за името на Македонија, јавуваат денеска грчките медиуми.

Добивај вести на вибер

„Истакнувајќи ги добрите односи кои Париз ги има и со Атина и со Скопје, Оланд нагласи дека Франција сака да помогне во изнаоѓање решение, со цел, меѓу другото, да се отстрани главната пречка на патот на соседната земја кон Европската унија“, пишува весникот „Имерсија“  под наслов „Иницијатива на Оланд за прашањето за името“.

Според „Елефтеротипија“, „една седмица по писмото на македонскиот премиер Никола Груевски до неговиот грчки колега Андонис Самарас, францускиот претседател се понуди да помогне во решавање на прашањето“.

Грчките медиуми потетиваат дека оваа изјава Оланд ја даде на маргините на самитот на земјите од Југоисточна Европа на која учествуваат лидери од Србија, Хрватска, БиХ, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија.

„Важно е да се спомене дека Оланд е првиот влијателен европски лидер кој е поканет да учествува на самитот, кој го покренаа Словенците и Хрватите кои до скоро имаа големи несогласувања но беа решени со компромис по што Хрватска од 1 јули стана членка на Европската унија“, коментираат грчките медиуми.

Под наслов „Оланд се понуди да помогне во решавањето на прашањето за името“, весникот „Етнос“ пипува дека Оланд на заедничка прес-конференција со словенечкиот претседатл Борут Пахор ја „повтори заложбата на Франција за ширење на Европската перспектива“.

„Прашањето за името во моментов го попречува целиот процес и факт е дека не можеме да останеме на тоа…  Ние можеме да зборуваме со секого, имаме одлични односи со сите балкански земји“, ја пренесува „Етнос“ изјавата на шефот на француската држава.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен