Грчката црква во соопштение ја нарече Македонија по уставното име

Од:

Грчките владици во соопштението кое се однесува на последните случувања меѓу МПЦ и БПЦ, државата ја нарекува Македонија.

Иако во текстот на соопштението името Македонија е ставено во наводници, тоа е нешто сосема поинаку од досегашната пракса на Грчката православна црква, Македонија да ја ословува како „ФИРОМ“.

– Постојаниот Свет Синод на Црквата на Грција, на своето заседание на 14 декември о.г., по повод Соопштението на Светиот Синод на Бугарската Црква, ја разгледа нејзината одлука да го прифати писмото од расколничката Црква во „Македонија“ од 19 ноември 2017 и да ја земе улогата на нејзина „мајка Црква“, пишува во соопштението на ГПЦ.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата