Александра Пападополу, грчаката амбасадорка, барала да си замине од земјава и да ја извршува истата функција во некоја од прекуокеанските земји, објави “Дневник“.
Информацијата дека Атина ќе испрати нов амбасадор во Скопје за “Дневник“ ја потврдија дипломатски извори од македонска и од грчка страна.
Според извори од македонското МНР, Пападополу самата сакала да замине од Македонија и барала од грчкото министерство за надворешни работи да добие амбасадорско место во некоја од прекуокеанските земји. Грчки дипломатски извори велат дека грчката амбасадорка ќе ја напушти Македдонија, до крајот на годинава.
Кој би можел да биде наследникот на Пападополу во Скопје, се уште не се знае.