(ВИДЕО) Грчева: Го тестираат трпението на народот, ние нема да се смириме додека не се распушти ненародното Собрание

Од:

Овој народ е доведен до ѕид од една предавничка тајфа, но нашиот глас ќе стигне до секој, изјави Солза Грчева на протестот против промена на името пред Собранието на Република Македонија.

– Синоќа се случи нешто што не верував дека ќе доживеам во својата татковина. Беа испукани 30 шок-бомби на сопствениот народ. Но, никој не се плаши од солзавци и шок бомби, рече Грчева.

Таа рече дека власта е фашистичка и сака да создаде фашистичка творба.

– Сакаат да не се погребуваме на македонски православни гробишта, но ние нема да го дозволиме тоа, додаде Грчева.

Таа рече дека замислиле оваа нација да нема минато, но дека овој народ додека има паметни и вредни луѓе нема да го дозволи тоа.

– Го тестираат трпението на народот, но овој народ е камен и никој не може да го измести. Нема да се смириме додека не се распушти ова ненародно Собрание, сите до 1 има да го напуштат, рече Грчева.

Според неа, Владата не е легитимна бидејќи и Собранието не е легитимно.

Грчева побара секој ден, во сите градови и села народот да пресече.

– Ние сме на страна на правдата и правдината. И не само тоа, ние сме на страната на правото. Тие кршат се, тоа е нашата шанса да ги уништиме. Да им покажеме со кого си имаат работа, рече Грчева.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он