Грантови за заштита на природата

Од:

Свечено ќе бидат објавени денеска во Прилеп добитниците на грантови за заштита на природата преку програмата за Подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европска Унија.

Програмата се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

На настанот кој ќе се одржи на Маркови Кули, Прилеп, на местото Слонова карпа, ќе се обратат шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Седумнаесет апликанти, општини и граѓански здруженија добија грантови во висина од 50.000 до 100.000 евра за проекти за заштита на природата.

Органите на управување со осум поголеми заштитени подрачја се во фаза на подготовка на проектни предлози за грантови од 200.000 до 400.000 евра.

Овие грантови ќе бидат доделени на националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро, Јасен како строг природен резерват и Кањонот Матка како споменик на природата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

Битиќи-Сахакјан: Плодната соработка помеѓу Владата и УНДП вроди со многу успешни проекти

А1он

РСС и УНДП ќе ја засилуваат позицијата на жените на Балканот

Ана Ололовска

ОБСЕ ги објави 11-те добитници на мали грантови за поддршка во време на КОВИД-19

Ана Ололовска

ВИДЕО: Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори

УНДП бара досега невидена поддршка за справување со Ковид-19 во ранливите земји

А1он