Граничниот премин Стар Дојран отворен за сообраќај

Од:

Граничниот премин Стар Дојран вечерва е пуштен за секаков вид сообраќај. Преминот беше затворен поради штрајкот на грчките цариници, а во изминатите 24 часа беа пропуштани само пешаци.

Грчките царински служби на граничниот премин Евзони ноќеска на полноќ стапија во генерален штрајк кој ќе трае 24 часа. За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција е во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај функционира со повремени прекини, односно 60 минути блокада и 15-ина минути пропуштање.

Од утрово во 7 часот почна штрајк и на граничниот премин Ники и ќе трае до 24 часот. Се пропуштаат само патници кои патуваат пеш, додека возилата не се пропуштаат во период на штрајкот.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Би можело да ве интересира

Отворени за сообраќај „Меџитлија“ и „Богородица“ , магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Трагедија во Грција: Мајка ја претепа бремената ќерка, девојката доживеа спонтант абортус

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Грција нема да го екстрадира Аце Циганот за убиството пред 28 години

Катерина Ѓуровски

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Грција и Украина потпишаа енергетски договор за испорака на американски течен гас во Киев