Кандидатот за избор на претседател на Основен суд Виница согласно законот не го доби потребното мнозинство и донесена е Одлука повторно да се рапише оглас за избор на претседател на Основен суд Виница.
Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница избра шест судии, кандидати од Академијата за судии и јавни обвините за Граѓанскиот суд и Кривичниот суд Скопје.
Заменик претседателот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа во изјава за медиумите истакна дека со денешниот избор на судии заврши изборот на шестата генерација на кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители. Тој истакна дека станува збор за кандидати кој досега не биле избрани.
– Советот одлучи истите кандидати да бидат распределени во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје. За судии на Основен граѓански суд Скопје се избрани кадидатите од Академијата за судии и јавни обвинители Маја Димитрова, Тамара Ѓорѓиевска и Бисера Митиќ Стефковска. За судии на Основен кривичен суд Скопје се избрани кадидатите од Академијата за судии и јавни обвинители и тоа Јасна Челикова, Илина Смичковска Илиевска и Снежана Марковска, изјави Мустафа.
Исто така на денешното рочиште на Судскиот совет беше донесена одлука објавување на оглас за избор на претседател на Управен суд, Основен суд Гевгелија и Основен суд Свети Николе.
Според најавите од Судски совет идната недела треба да се донесе одлуза за избор на претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Заменик претседателот Мустафа, за МИА истакна дека на 28 април му завршува мандатот на актуелниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев и тогаш е предвидено да се избере и новиот претседател на Судскиот совет.
– Право на избор според закон имат сите членови на судот кој се избрани од Собранието. Досега никој не објавил кандидатура, очекува во следните денови некој од кандидатите да пријави кандидатура, рече Мустафа.