Граѓаните не знаат каде и како можат да му се обратат на Народниот правобранител

Од:

Речиси половина од испитаниците не знаат каде и како можат да му се обратат на Народниот правобранител, покажува анкетата спроведена од НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Граѓанско набљудување на Народниот правобранител“ за тоа какви се перцепциите и ставовите на граѓаните за работата и перформансите на Народниот правобранител.

Анкетата била спроведена во периодот од 16 февруари до 7 март 2019 година, на примерок од 1.202 испитаници, постари од 18 години.

„Ова недвосмислено укажува на потребата од поголема промоција и видливост на оваа институција, на нејзините надлежности и секако, подобро и поинтензивно информирање за начините каде и на коj начин, засегнатите граѓани можат да доставуваат претставки и да комуницираат со Народниот правобранител“, се вели во извештајот од анкетното истражување.

Над 40 отсто од испитаниците мислат дека Народниот правобранител е поставен на таа позиција поради својата блискост со власта, додека 37 отсто сметаат дека тој се наоѓа на таа позиција благодарение на својата стручност.

Резултатите од анкетата покажуваат дека две третини од граѓаните (66,6%) знаат за постоењето на институцијата Народен правобранител, а солиден број се запознаени со дел од нејзините основни надлежности. За Народниот правобранител најмногу слушнале испитаниците од Источниот регион – 85,2%, а најмалку оние од Полошкиот – 43,8%.

Повозрасните граѓани се повеќе информирани за Народниот правобранител, додека младите од 18 до 29 години, се најмалку информирани за постоењето на оваа институција.

Голем дел од граѓаните (76,3%) се подготвени да му се обратат на Народниот правобранител доколку им е повредено некое право. Овој висок процент покажува дека граѓаните ја препознаваат оваа институција како заштитник на нивните права наспроти државните и јавните институции.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Германската крајна десница АфД е на второ место на анкетите, една недела пред европските избори

A1on

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право