Граѓаните на западен Балкан најмногу веруваат на војската, најмалку на политичките партии

Од:

Истражувањето на јавното мислење спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, од страна на Центарот за истражувaње и креирање политики – Скопје и пет други регионални организации, покажа дека граѓаните од регионот најмногу имаат доверба во државните и меѓународните воени институции.

Во Македонија и Србија институции со најголема доверба се државните армии (71.5 отсто од испитанците во Македонија и 69 отсто од испитаниците во Србија), додека во Албанија и Косово тоа се меѓународни воени институции како НАТО(71%) и односно КФОР (67%). Во Албанија, државната армија се рангира трета (44%) согласно довербата на граѓаните.

istrazuvanje

Државната армија е рангирана четвртта (69%) од испитаниците во Црна Гора со тоа што граѓаните повеќе веруваат во здравствениот (60.3%) и образовниот (58.7%) систем како и во Српската православна црква (55.6%) а додека во Босна и Херцеговина државната армија е втора институција со најголема доверба (62%) додека најмногу се верува во работата на претпријатијата за комунални дејности (63.1%).

Објаснувањата за овие рангирања се разликуваат од земја до земја. Ѓерѓи Вурмо од ИДМ Албанија, големата доверба во НАТО (71%), (која е поголома од било која државна институција) го објаснува со општата перцепција дека државните институции се корумпирани, па оттаму граѓаните ја насочуваат довербата во меѓународни институции. Ќендеса Сулејмани од ЦИКП смета дека во Македонија армијата е настрана од јавниот живот без позначајни скандали и без повод за недоверба. Од друга страна, Ирина Ризмал од ЦЕАС Србија тврди дека армијата во Србија традиционално ужива голема доверба и не е погодена од воените злосторства кои се поврзуваат со неа бидејќи на неа се гледа пред сѐ како на институција која ги брани граѓаните.

Што се однесува на субјектите со помала доверба, во четири од шесте држави, политичките партии се на дното од табелата, а слаба доверба уживаат и судството и собранијата.

Истражувањето на јавното мислење се спроведе во рамки на проектот „Застапување за отворена влада“ финансиран од Европската унија, кој се имплементира во шест држави од регионот.

Во Македонија анкетата се реализираше во aвгуст 2014 година.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата