Во рамки на активноста Отворен Кабинет денеска кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, го посетија граѓани кои имаа можност да се сретнат, лично да поразговараат со претседателот Стево Пендаровски и директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.
Гостите, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, се запознаа и со дел од вработените и биле информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите што се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.
Денешниот настан е во рамки на Отворен Кабинет, активност што овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.
Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.