Граѓани добивале покани за суд за дела како порнографија и педофилија: МВР предупреди дека е измама

Од:

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам.

Притоа, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.

„МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама.

Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.
Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот“, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

А1он