Градот Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019

Од:

Град Скопје преку писмено соопштение известува дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

„Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници“, информираат од Град Скопје.

Оттаму укажуваат дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови треба да ги подмират своите обврски и напоменуваат дека доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

Би можело да ве интересира

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он