Градот Скопје демантира дека Противпожарната бригада е без гориво

Од:

Градот Скопје ги демантира лажните информациите пласирани во јавноста дека Противпожарната бригада е без гориво.

– За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада, велат од Град Скопје.

„Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање.

Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски