Градоначалникот Таравари во поддршка на развојот на велосипедизмот во Гостивар

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, се сретна со претставници на Велосипедскиот клуб „Адреналин“ од Гостивар, при што се запозна со нивните активности и успеси.

Потпретседателот на ВК „Адреналин“, го запозна градоначалникот Таравари дека во овој клуб членуваат голем број велосипедисти, меѓу кои и припадници од помладите генерации, кои зад себе веќе имаат врвни резултати на државно ниво. При оваа прилика, тој ги издвои резултатите на државно ниво на У13, шампионот Џемалетин Ќорбарјами и вицешампионот Даим Муахреми. Посебно ги прави горди Убејда Беба. Која е единствена девојка во Македонија која се натпреварува во машка конкуренција У 13.

Градоначалникот Таравари им честиташе на претставниците на ВК „Адреналин“, особено на младите шампиони за нивната посветеност и постигнатите резултати, повторувајќи го својот став за поддршка на здруженија и клубови кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на спортско-рекреативниот живот во Гостивар. Во таа насока, тој вети дека ќе го поддржи организирањето на велосипедска трка во Гостивар, за која тие пројавиле интерес.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски