Градоначалникот Таравари се сретна со светски познатиот фудбалер Адмир Мехмеди

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска во својот кабинет го прими фудбалерот на швајцарската репрезентација, со потекло од Гостивар, Адмир Меxмеди.

„Нашите луѓе кои живеат надвор од родниот крај се наши најдобри амбасадори ширум светот, особено оние кои покажуваат успех во областа на науката, културата и спортот. Пред неколку дена, ни беше на гости нобеловецот Ферид Мурад, а денес на посета во Општината, е светски познатиот фудбалер Адмир Мехмеди. Ни претставува чест да биде тука со нас, и се надевам дека неговата кариера, која започна пред десет години, ќе продолжи и во наредните десет години, и во репрезентацијата на Швајцарија, така и во фудбалските клубови каде што ќе игра”, истакна Таравари.

Адмир Мехмеди му се заблагодари на градоначалникот Таравари за гостопримството и му посака успех во владеењето, со надеж јдека Општина Гостивар ќе бележи развој и напредок во сите области.

Во знак на почит, Таравари и Мехмеди разменија симболични поклони. Мехмеди му поклони на Таравари дрес од швајцарската репрезентација со број 18. аа Таравари на Мемеди му поколни плаката на Општина Гостивар.

Инаку, Мехмеди е прв фудбалер Албанец кој постигнал гол на Светското фудбалско првенство. Поради оперирање на лигаменти, Мехмеди na ова светско првенство не е дел од националниот тим на Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски