Градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, во изјава за Телма вели дека не ја слушнал изјавата на Зоран Ставрески, која денеска ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Но, вели не му се лути на Ставрески.
„Имаше некои натегања во врска со транспортот на ученици и греењето во училиштата. Искрено ме радува сериозноста на министерот Ставрески. Тоа е период пред локалните избори“, вели Талевски за Телма.
Според него по обвинувањата на негова сметка, била формирана комисија, која извршила ревизија и било констатирано дека се работело законски.
„Со министерот Ставрески имам одлична соработка“, вели Талевски.
Транскрипт од разговорот кој го објави Заев и за кој рече дека е на Ставрески и Јанкулоска:
ЗС: Еве ја сега пошто завршив пред 15 мин, дојдов у канцеларија и продолжуем накај дома. Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола Владо Талевски, пичка ли му матер.
ГЈ: Шо бе Зоки?
ЗС: Абе ни напраи скандал со овие превознициве. Ќе ти кажам шо е.
ГЈ: Абе што говеда се значи.
ЗС: Беше направена ситуацијата. До 2010-та до јуни, склучен е договор со Транскоп, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите. Значи советов у 2010та од опозицијава овие му извршиле притисок да ги смени тие договори и он распишува тендер, кај што приватни превозници се јавуваат…
ГЈ: Да де, тендер. Кој бил најефтин, тој.
ЗС: … и цената ја спуштаат во однос за 1 спрема 10 на некои места, негде 1 спрема 5, негде 1 спрема 3.
ГЈ: Да де да.
ЗС: И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010та отприлика е, кон Транскоп, отприлика е 36 миљони денари и 22 миљони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце се разбира, да ние му ги покриеме долговите.
ГЈ: Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести.
ЗС: Испратив луѓе таму. Како второ значи, има на сметката негова, на редовна сметка 60 миљони денари и на сметка за дотации кои што се наменети за исплата на плати и на материјални трошоци 16 миљони, откако веќе ги исплатил платите, вишок има цело време 16 миљони денари. Шо значи он може да го затвори главниот дел од долгот со таа сметка да ги плати. Место тоа да го напраи, он му врши притисок на Панче, прво ги пушти превозниците на прес, пази. И даде изјава…
ГЈ: Да да, глеав тоа, да.
ЗС: … на медиуми дека министерството за образование за финансии малце му давале пари. А кој се овие луѓево шо се превознициве се наши. Значи, за да излезат на прес, не излегле случајно. На негово барање.
ГЈ: Да де да. Тие и работата случајно не ја добиле.
ЗС: А у меѓувреме едно 50 СМС-и до шефот имаше испратено претходно уште. И му реков, нели завчера коа беше у Влада нејќев ни да го погледнам.
ГЈ: Да, да, да.
ЗС: И му реков на Панче ти јави му се, оти ја ако му се јавам ќе му ебам мајката, не можам да се воздржам на телефон. И сеа и на Кире Божиновски му се јавував да му изврши притисок, пошто копилето игра крајно прљаво. Значи тој е, тоа е… Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец.
ГЈ: Епа тоа му е професија. Тоа сакав да ти кажам. Добар глумец е.
ЗС: Лигле.
ГЈ:. Значи блефер, професионален е. Другиве блефираат, ама така приучени, ама овој е професионалец, професија му е тоа.
ЗС: Да де да. Копилиња, со такви се занимаваме…
ГЈ: На толку помош.
ЗС: Значи малце ли се тепам у Собрание со сите, од комуњариве, сега и на толку помош што му е дадена, копилето пази нас ни праи прес, ми праи он мене.