Градоначалникот на Велес: Граѓаните да ни кажат како да штедиме струја, во загуба сме 500.000 евра

Од:

Градоначалникот на Велес, Марко Колев побара од граѓаните да му достават предлози и идеи како општината да заштеди електрична енергија во пресрет на новата грејна сезона.

Колев објави повик до граѓаните кои во следниот период треба да му кажат како да се одржи кондицијата на буџетот затоа што загубите на Општина Велес поради високите сметки за електрична енергија изнесувале над 30,4 милиони денари или околу 500.000 евра.

„Сведоци сме на најголемата енергетска криза што го зафати светот во изминатата година, која сериозно удри по буџетите на сите нас. Додека се уште не сме се опоравиле од високите сметки за електрична енергија кои ги добивавме минатата зима, во најава ни е уште една тешка зима. Загубите на Општина Велес поради високите сметки за електрична енергија од октомври 2021 до јули 2022, споредбено со истиот период во претходната година изнесува над 30,4 милиони денари. Табелата поединечно по месеци како и трендот на движење на сметките за електрична енергија може да се видат во прилог на оваа објава.

Од тие причини, градоначалникот Марко Колев и Општина Велес започнуваат со широка консултација со граѓаните и компаниите, со цел преземање на превентивни мерки за заштеда на електрична енергија за заеднички да го заштитиме буџетот на Општината. Од денес е достапна меил адреса, [email protected], на која сите заинтересирани можат да ги достават своите предлози, од кои подоцна заедно со стручните служби ќе бидат креирани конкретни мерки“, објави Општината.

„А1он“ го праша градоначалникот што конкретно очекува од повикот до граѓаните и што општината како институција ќе предложи за намалување на високите сметки.

„Иако во Општината има стручни лица, сепак, никогаш не е на одмет да се слушне мислење плус. Токму тоа и го очекуваме и се надеваме на суштински предлози кои подоцна ќе бидат преточени во конкретни решенија. Во моментов се врши истражување на сите можности и алтернативи, се консултираме со други општини, гледаме позитивни примери, па по завршување на овој процес ќе излеземе со конкретни предлози. Веќе претходно согласно сите законски прописи и со Одлука на совет се префрлија броилата од Општина Велес на ЈП Парк спорт и паркинзи, со што се вративме на регулиран пазар, а тоа придонесе за огромна заштеда на буџетски средства“, одговорија од кабинетот на Колев.

Од Општината велат дека немаат заостанат долг за струја и сите сметки се подмирени. Моменталниот долг се однесува само на тековните сметки, и е во износ од околу 3,9 милиони денари или околу 65.000 евра.

Опозициските советници го критикуваат Колев за објавувањето на повикот затоа што претходно го алармирале да не се трошат пари на партиски вработувања и да се пренаменат средствата за сметки за струја.

„Тогаш не упативте никаков апел за консултација со велешани, а пет пари не дадовте ни за советите од сите советници (освен од ДПМНЕ И ДУИ) кои упорно ви тврдевме дека од октомври Велес ќе потоне во мрак. Сега во 5 минути после 12, кога вашите консултанти кои ги слушавте ве пуштија на тенок мраз, барате конструктивни идеи од граѓаните за да го покријат вашето неразумие и да бидат евентуално алиби за ужасната неконструктивност и немање чувство и визија за сериозноста на моментумот“, рече Игор Смилeв од партијата Левица.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов