Градоначалникот на општина Ново Село ги повика граѓаните на референдум за рудниците

Од:

Градоначалникот на Општина Ново Село, Блажо Велков, денеска преку видео запис ги повика граѓаните на општината масовно да излезат на референдумот што ќе се одржи на 17 септември годинава во врска со работата на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука.

– Како ваш сограѓанин и градоначалник ве повикувам масовно да излеземе на референдумското изјаснување во недела, рече Велков.

Советот на општина Ново Село на 14 август 2017 година, донесе одлука за распишување референдум на локално ниво.

Полнолетните граѓани кои се запишани во избирачкиот список може да се изјаснат за две прашања, на две поединечни гласачки ливчиња: „Дали сте за или против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука“ и „Дали сте за или против отворање рудници и рударски комплекси за производство на метални и металични суровини“.

Референдумското изјаснување ќе се врши од 7 часот утрото до 19 часот попладнето.

Општинската изборна комисија Босилово работи на ажурирање на податоците за да излезе со конечна бројка на гласачи и гласачки места.

На 3 септември референдум во врска со рудниците се одржа и во Општина Босилово, но не беше успешен зошто не излегоа потребните 50 плус еден глас, од вкупно запишаните 12.301 гласачи.

Би можело да ве интересира

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Стоп за топилница на алуминиум во Ново Село – пратениците на Левица го поддржаа протестот

Предраг Петровиќ

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Спречен шверц на брендирани часовници: Возачот рекол дека се лекови за болно дете

A1on

Бектеши: Нема институција што не дала позитивно мислење за рудниците од 2005 година наваму

A1on