Градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков денеска го посети откупниот пункт на лубеници во Колешино, за, како што рече, да им даде поддршка на земјоделците кои се жалат на ниската цена на бостанот и слабиот откуп.
Тој го повика ресорниот министер да дојде во општината и да помогне за решавање на проблемот.
– Страшен е проблемот за земјоделците, но и за општината. Тука традиционално се одгледува бостан и тоа е стратешка дејност. Лани ова време бостанот се продаваше од 6 до 8 денари, а сега по еден, два, два ипол и три денари. Освен ниската цена, проблем е и тоа што нема откуп и бостанот скапува по нивите. Како градоначалник, јавно го повикувам го министерот за земјоделство да дојде овде, во општината и да го реши, овој за нас, голем проблем, рече Велков.
Земјоделците бараат посебна владина комисија за утврдување на штетите од слабиот откуп на бостанот.