Градоначалникот на Крива Паланка ја губи поддршката и од своите советници !?

Од:

Непристоен предлог или гаф на градоначалникот, вака од широката кривопаланечка јавност беше оценет предлогот кој на последната седница на Советот на општина Крива Паланка до советниците пристигна од градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски а во врска со идејно архитектонско решение за изградба на нов плоштад и уредување на централното градско подрачје.

Како што со допис до А1 он реагираат кривопаланчани, најспорниот и неприфатлив беше оној дел каде се предлага, решението кое ке биде избрано за најдобро да не биде платено туку за возврат на тоа плоштадот да го носи името на избраниот понудувач.

Ова наиде на огромен отпор кај повекето советници, при што со 16 гласа против и 3 воздржани предлогот беше отфрлен.

„Реакциите на социјалните мрежи одат до таму, што кривопаланчани загрижено прашуваат, дали тоа значи дека според градоначалникот и неговиот предлог, доколку најдобро решение понуди извесен искусен архитект Хисни Рамадани плоштадот во Крива Паланка треба така и да се вика“, прашуваат кривопалнчани.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка