Градоначалниците на СДСМ преку тендери го оштетувале буџетот и приватниот сектор обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Градоначалниците на СДСМ преку тендери го оштетувале буџетот и приватниот сектор, не наплаќале рамномерно данок на имот и не користеле ЕУ грантови за проекти, обвинија говорниците на трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ, насловена: Што наследија општините.

Пратеникот Миле Лефков истакна дека откако СДСМ е на власт во државата се гради една култура на неказнивост па затоа претходните градоначалници од редовите на СДСМ правеле сомнителни и коруптивни тендери.

„Ако поставиме една клима на неказнивост се случува она што се случува, односно ги трпиме оние последици кои што ги трпиме. На пример кога објавуваме и кога ги објавивме криминалните и сомнителни тендери кои што се гледаат во Општина Бутел, во Општина Гази Баба, во Општина Кисела Вода каде што гледате еден метален столб во висина од 4 метра се продава за 9900 денари а во истата техничка документација имате 10 понуди под него во кои што го имаат тој метален столб од 5 метри и од 8 метри кој што чини само 1.8 денари. Е сега, првата работа кој секој би помислил е дека на овој начин алудираме на тоа што се оштетува буџетот а тоа е точно, меѓутоа ако ја погледнете корупцијата ќе видите дека никој не би дал понуда за метален столб од 5 метри од 1.8 денари ако не е сигурен дека градоначалникот нема да го нарача токму тој столб“, рече Лефков.

Според него ова значи дека од една страна со корупцијата имаме оштетување на буџетите, а од друга страна имаме оштетување и на приватниот сектор. Над 6.500 компании и луѓе кои чесно работат, вели Лефков, не можат да функционираат во таква клима на корупција.

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека градоначалниците од СДСМ не наплаќале рамномерно данок на имот, додека граѓаните чесно плаќале.

„Има ситуација во една скопска општина каде што еден правен субјект плаќа данок на имот за 5000 метри квадратни, а располага со 95 илјади метри квадратни, објасни Димитриеска Кочоска прашувајќи дали разликата завршувала во кампањи или во нечиј џеб.

Димитриеска-Кочоска потенцираше дека за градоначалниците од СДСМ мисловна именка биле и користење на средства од ЕУ фондовите, што според нејзе е огромна штета за граѓаните на тие општини.

„За жал состојбата е алармантна и катастрофална во овој дел и имаме една слика каде што речиси и да нема готови проектни документации. Кога станува збор за користење на средства од ЕУ фондови можам комплетно да кажам дека тоа е како мисловна именка за нив, значи воопшто не се ни направил обид за користење на такви грантови од ЕУ фондовите, што сметам дека е огромна штета за граѓаните на тие општини“, кажа Димитирриеска Кочоска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски