Градинките во Карпош ги отворија вратите за децата

Од:

Започна приемот на деца во детските градинки во Општина Карпош: „Орце Николов“, „Мајски цвет“, „Распеана младост“ и „Пролет“ .

На безбеден начин, почитувајќи ги заштитните мерки и протоколи беше реализиран приемот. Изминативе денови, Општина Карпош спроведе целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во 11 – те предучилишни установи. Во текот на летниот период беа направени и повеќе реконструкции. Во голем дел од објектите се промени стариот под и се постави ПВЦ површина, линолеум, која е поотпорна на бактерии и полесна за одржување, информираат од Карпош.

Градоначалникот Стефан Богоев утринава беше во посета на најстарата градинка во Македонија, „Орце Николов“, во Карпош 3.

– Можам да кажам дека и локалната самоуправа, но и директорките, заедно со својот воспитно – административен кадар, ги преземавме сите мерки кои сме во можност да ги преземеме, за релативно кус временски период. Општина Карпош ќе излезе во пресрет и ќе финансира вработување и на нови хигиеничари во објектите и воспитен кадар, секако, онаму каде што има потреба. Не можам да тврдам дека нема никаде да се појави проблем, затоа што вирусот Ковид – 19 уште е непредвидлив и со силен интензитет. Треба да бидеме свесни дека доаѓа и сезона на сезонски грип и потенцијално повисоко аерозагадување. Сепак, тврдам дека хигиената во објектите и подготвеноста на кадарот во Карпош е на едно високо ниво, рече Богоев.

Во сите градинки се спроведе и дезинфекција на душеците и теписите од страна на сертифицираната фирма Clean Max Macedonia, велат од Општината.

Богоев информираше дека објектот на „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 ќе започне да работи од 14 – ти септември, затоа што оваа градинка целосно се реконструира.

Локалната самоуправа на сите деца, родители, воспитно – административен кадар им посакува успешен почеток. Во претстојниот период да бидеме одговорни. Да не ги криеме информациите, да ги почитуваме мерките и протоколите, да покажеме повисока свест и толеранција.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров