Градинките нема да примаат невакцинирани деца – усвоени препораките за епидемија на морбили

Од:

На денешната седница на Владата донесена е одлука за прогласување епидемија на мали сипаници на цела територија на Република Северна Македонија.

– Согласно постапката за вакви ситуации донесени се и соодветни препораки кои предвидуваат строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава, како и почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на клиниките за инфективни болести и педијатрија и да се намали стапката на интра-хоспитално ширење на инфекцијата, соопшти владината прес-служба.

Препораките предвидуваат сите невакцинирани здравствени работници кои се во директен контакт со пациенти (особено педијатри, инфектолози и гинеколози) задолжително да бидат вакцинирани со две дози на МРП.

Како посебно важна препорака се нагласува потребата од интензивирање на мерките за вакцинирање на невакцинирани деца преку спроведување на кампањи за вакцинација и теренски активности за промоција на вакцинацијата спроведени од Центрите за јавно здравје и надлежните служби од здравствените домови. Воедно да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14, а помлади од 45 години.

Во информацијата за епидемијата на мали сипаници се наведува дека овие активности особено треба да се засилат во градовите надвор од Скопје.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ

13-месечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба

Ана Ололовска

Мехмедовиќ: Детето со морбили во добра состојба е пуштено на домашно лекување

Белгија се соочува со епидемија на детски бронхиолит