ВИДЕО: Градинките и училиштата се затвораат, по еден родител ќе биде ослободен од работа

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче ги потврди препораките на Комисијата за заразни болести и изјави дека сите детски градинки, основни и средни училишта ќе запрат со настава во наредниве 14 дена. Процесот на настава ќе биде прекинат и на универзитетите.

Еден родител на деца до 10 години ќе биде ослободен од работа без разлика дали е од јавен или од приватен сектор, а отсуството ќе му биде целосно платено. Овие мерки почнуваат да важат од денеска.

Понатаму, се забранува одржување на сите собири на отворено и затворено. Спортските настани ќе се одржуваат без публика во наредниве 30 дена.

Воедно, се воведува задолжителна самоизолација на сите кои доаѓаат од средно и високо ризични држави во период 14 дена, според листата што ја објавува Светската здравствена организација.

Се препорачува на возрасните и повисоко ризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат движењето и да избегнуваат да користат јавен превоз.

Понатаму, се препорачува да се избегнува патување во земјите со среден и висок ризик, а ќе се воведе и health locator карта за сите летови и сите авиокомпании. Владата и владините институции ќе ги прекинат сите патувања и конференции.

Се забранува и организирање меѓународен автобуски превоз (вклучително и со комбе и мини бус) од и во Македонија од високоризичните земји.

Тие што не ги препорачуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски