Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 почнува со работа во понеделник

Од:

Без проблеми и застои се одвива и вториот ден од приемот на деца во градинките на територија на Општина Карпош: „Орце Николов“, „Мајски цвет“, „Распеана младост“ и „Пролет“, информираат од општината. Приемот на деца се спроведува согласно протоколот во сите објекти на градинки, освен во објектот „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Имено, овој објект е на крајот од целосна реконструкција и истиот ќе биде отворен во претстојниот понеделник односно на 14 септември.

Деновиве и во тој објект се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Ги известуваме родителите, во случај некое од децата да појави симптоми на вирус веднаш да посочи до воспитниот кадар во градинките или кај матичниот лекар.

Информациите треба да се споделуваат целосно, за да се овозможи вистинска грижа и заштита на секое дете. Одговорноста за безбеден и правилен тек на воспитно – образовниот процес е кај сите нас. Локалната самоуправа продолжува да ги презема сите мерки за уште подобри услови на престој и воспитување во предучилишното образование, порачуваат од општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Се градат 11 градинки со капацитет за 1.100 дечиња, вели премиерот Мицкоски

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

(ВИДЕО) Јакимовски: „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка

Општина Карпош: Не можеме да се изначудиме како ВМРО-ДПМНЕ го укина „Член 62 а“ од Законот за градба

Одржувањето на хигиената во Карпош голем проблем за граѓаните

(ВИДЕО) Сите основни училишта во Карпош добиваат фотоволтаични системи