А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Градежните работи во Старата чаршија предизвикаа реакции во јавноста, надлежните смируваат дека се е регуларно

by А1он15/04/2020 - 08:18417
Share0

Градежните активности во Старата скопска чаршија со кои се врши замена на оштетениот камен од улиците предизвикаа реакции кај јавноста на социјалните мрежи, но добија и објаснување од локалната и централната власт дека тековните работи се во согласност со проектот за санација и зачувување на автентичниот изглед на чаршијата финансиран од Светска банка.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ирена Попова, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, праша кој копа во Старата скопска чаршија за време на полициски час, барајќи одговор од градоначалникот на Град Скопје.

– Кој уништува споменик на културата и кој прави бизнис од сето ова? Додека народот седи затворен дома, на шверцерски начин менуваат калдрма. За сето ова Петре Шилегов треба да даде прецизен одговор, посочи Попова.

Одговорот дојде од градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кој изјави дека градежните активности во Старата скопска чаршија не се во насока да се измени автентичноста на чаршијата, туку да се замени оштетениот камен травертин со ист таков камен, да се задржи автентичноста и да се создадат подобри услови и за занаетчиите и за туристите.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој во изјава за медиумите вчера нагласи дека за реализација на проектот ги имаат добиено сите потребни дозволи од надлежните институции, меѓу кои и од Управата за заштита на културното наследство, која врши надзор врз целиот процес, отфрлајќи ги обидите на некои портали кои, вели, тенденциозно објавуваат информации без да ја набљудуваат содржината на проектот.

– За содржината на проектот, кој го започнавме во декември 2019 година, како и за динамиката и неговите фази, во континуитет ја имаме известено јавноста. Овој проект за санација и зачувување на автентичниот изглед на Старата скопска чаршија предвидува поставување камен со ист материјал како и претходниот травертин на површина од 1.800 квадратни метри, дозволен според извештајот на лабораториската анализа за исполнување на условите, истакна Ганиу.

Потребата од имплементација на проектот, како што рече, произлегува од оштетувањето на улиците во чаршијата во изминатиот период. Камењата травертин што сега се вадат, нагласи, не се продаваат како што некој сака тоа да го прикаже, туку се собираат и складираат и во следниот период ќе бидат употребени на улицата „Самарџиска“ во чаршија.

И од Владата вчера соопштија дека се запазени сите процедури за заштита на автентичноста на Старата скопска чаршија и градежната активност, која се финансира преку Проектот за локална и регионална конкурентност, се одвива во согласност со позитивните правни норми за зачувување на автентичноста на чаршијата.

– Во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Општина Чаир аплицираше со потпроектот „Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир“. Сите активности на потпроектот предвидуваат клучни инвестиции во масовна туристичка дестинација со цел зголемување на привлечноста на Старата чаршија и нејзино промовирање како главна туристичка дестинација во градот за потребите на туристите. Потпроектот предвидува санација на калдрмата на еден дел од главната улица Битпазарска, како и конзервација, реставрација и санација на повеќе дуќани што го нарушуваат автентичниот лик на Стара чаршија, која со закон е прогласена како културно наследство од особено значење „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 130/08. Санација на калдрма – со текот на времето се настанати оштетувања на калдрмата на улицата. Оштетувањата се настанати од повеќе фактори: метеоролошки влијанија, моторен сообраќај, недоволен капацитет на каменот и парцијални ископувања на улиците. За таа цел проектот предвидува санација на калдрмата во главната улица (во должина од 200 м или вкупно 2.240 квадратни метри). Сите градежни материјали што се користат за реконструкцијата на излозите на дуќаните и калдрмата во споменичка целина: „Стара скопска чаршија“ се автентични и одобрени од стручни лица од НУ Конзерваторски центар – Скопје и Управата за заштита на културното наследство, наведуват од Владата.

Проектот за санација и реставрација на чаршијата е финансиран од Светска банка со грант во износ од околу 600 илјади евра, а опфаќа и реставрација на 75 дуќани и унифицирање на излозите, поставување натписи и тенди на објектите, целосна сигнализација на чаршијата.

carsija

Би можело да ве интересира

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски16/10/2024 - 10:0816/10/2024 - 10:10

ВИДЕО: Рекорд без автомобили – Кога Скопје ќе ја добие ветената најголема пешачка зона во Европа?

Александар Тодески16/10/2023 - 12:40

Непознати лица се обиделе да запалат кафеана во Чаршија, ама не успеале

Жарко Настоски16/07/2021 - 16:1616/07/2021 - 17:02

Конзервација и реставрација на излозите и рекламите на 18 дуќани во Стара скопска чаршија

Ана Ололовска14/09/2020 - 14:0314/09/2020 - 14:03

(ВИДЕО) Попова: Ако се е по пропис, зошто шверцерски се тргна калдрмата и се гради бетонско здание од некогашната Менада

Ана Ололовска15/04/2020 - 14:0815/04/2020 - 14:12

Влада: Во реставрацијата и санацијата на Стара Чаршија запазени сите процедури за заштита на автентичноста

Ана Ололовска14/04/2020 - 14:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео