Град Скопје: „Зелен Хуман Град“ манипулира со граѓаните во однос на зеленилото на улицата Васко Карангелески

Од:

Град Скопје ги демантира наводите на „Зелен хуман град“ со кои свесно се манипулира јавноста дека со пробивањето на ул. Васко Карангелески ќе биде изгубено зеленило. Спротивно на тоа по завршувањето на изградбата и пробивањето на улицата и нејзиното поврзана со бул. Трета македонска бригада ќе биде засаден дрворед од повеќегодишни високостеблести садници по должината на целата улица, со што речиси тројно ќе се зголеми зеленилото по должината на улицата.

– Дополнително покрај тројното зголемување на дрворедот улицата во делот од крстосницата со ул. Владимир Комаров до крстосницата со бул. Трета македонска бригада ќе добие нови тротоари, велосипедски патеки, нова атмосферска канализација и ново ЛЕД осветлување. Со тоа се зголемува нивото на безбедноста и на велосипедистите и на пешаците кои се движат на овој потег, особено имајќи предвид дека во непосредна близина се наоѓаат основното училиште Љубен Лапе, еден пензионерски дом и поликлиниката Јане Сандански. Дополнително проектот за изведба на оваа сообраќајница беше претставен пред иницијативата #НаTочак на состанок одржан на 23.06. каде што се покажани решенијата за велосипедските патеки, тротоарите, новото осветлување и зазеленување на тротоарите. Ова е од особена важност за учениците од блиското основно училиште кои во моментот немаат тротоар од својата страна на улицата, стои во реакцијата од Град Скопје.

Од таму велат дека претставникот на иницијативата е искажано разбирање за нужното проширување, а 4 дена подоцна на истата локација Град Скопје со поддршка на иницијативата #НаТочак го реализираше настанот „Улици за Луѓе“ кога улицата беше цел ден затворена за автомобили.

-Потегот од улицата кој поминува покрај основното училиште во моментов нема ниту пешачка, ниту велосипедска патека од страната на училиштето, а тротоар има само од страната на пензионерскиот дом, што и денес го прави движењето на пешаците и на велосипедистите на овој потег недоволно безбедно.Оваа сообраќајница е од исклучително големо значење за новите населби кои се изградија на местото на некогашните воени бараки и некогашната касарна Гоце Делчев, каде што популацијата е повеќекратно зголемена, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Зелен Хуман Град поднесе иницијатива за дислокација на Цементарница Усје

А1он

ЗХГ: Министерството за животна средина со децении противзаконски толерира трујачи

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот