Град Скопје: Висока загаденост има во кратки временски интервали, просекот е под граничната вредност

Од:

Градот Скопје реагира на информациите кои изминативе два дена се објавуваа во јавноста, околу загаденоста на воздухот во Скопје и рангот на истражувањето на глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“), како и напорите на градот за борба против загадувањето.

„Изминатиов период просечните вредности на загаденоста на воздухот не ги надминуваат граничните вредности, односно тоа се случува само во кратки временски интервали и на одредени локации, додека посочената апликација ги регистрира само највисоките вредности постигнати во одреден момент. Сакаме да ја информираме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки“ велат од Град Скопје.

Тие информираат дека била започната постапка за набавка на нови 40 еколошки автобуси, како и дека имало инвестиции во електромобилноста, подобрување на инфраструктурата и на условите за користење на велосипед како превозно средство.

„За првпат минатата година во неколку наврати во случаи на екстремно загадување, Град Скопје овозможи бесплатен јавен превоз за сите, за да го дестимулира возењето автомобили. Од аспект на греењето, Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности и ја реализира постапката за преземање на градската топлификациска мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје. Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и други течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку. Од аспект на контролата, инспекциските служби на Град Скопје се на терен нонстоп, контролирајќи ги лицата кои креираат и ги палат дивите депонии, каде што активностите на терен резултираа со двојно повеќе казни во однос на истиот период лани. За прв пат се користат дронови за мониторирање на изворите на загадувањето, а минатата година беше формиран и 193 центарот за елиминирање на отворени огнови кај бездомни лица. Иако расчистувањето на дивите депонии не е работа на Градот, туку на општините, сепак , од Град Скопје во 2018-та се исчистени над 3000 м3 диви депонии, далеку повеќе од 2017-та (375 м3)“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Тие апелираат и другите државни институции и општини во Скопје и скопскиот плански регион да го следат нивниот пример и да ги вршат должностите кои се нивна законска ингеренција.

„Апелираме и до граѓаните да се вклучат во борбата против загаденоста на воздухот, преку помало користење на возилата и користењето на јавниот автобуски превоз, како и повеќе лица да се возат во едно возило, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески