Град Скопје: Срамно е Шилегов да се жали за загадениот воздух

Од:

„Во најмал случај срамно е Петре Шилегов, човекот кој четири години не презема ниту една системска мерка за справување со загадениот воздух, проблем кој директно влијае на здравјето на граѓаните, сега преку објави на Фејсбук да се жали за состојбата во која тој го доведе Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.

„Петре Шилегов четири години имаше шанса да стори нешто на ова поле, но наместо решенија Скопје е ден од најзагадените градови во светот. Човекот кој за мерка ги сметаше временските прилики и дали ветерот ќе го исчисти воздухот, не би смеело воопшто да си дозволи да зборува на оваа тема. Градот Скопје конечно презема системски и конкретни мерки за справување со еден од најголемите проблеми на граѓаните, загадениот воздух. За разлика од претходните години кога на ова поле не беше преземено речиси ништо, новата градска администрација овој горлив проблем за скопјани го стави како еден од најголемите приоритети“, додаваат оттаму.

„Токму поради тоа, уште на стартот на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска се започна со интензивно чистење на дивите депонии, каде што се согоруваше опасен отпад и шут, кој влијае врз загадувањето на воздухот. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните. Во моментов се работи на целисходно системско решение од повеќе комплементарни мерки за обезбедување на повисок квалитет на живот и почист воздух, нешто што во изминатите години не беше случај и тоа резултира на континуирано загаден воздух во Скопје“, велат од Градот.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски