Град Скопје: Сите наводи за наводното преселување на струшката депонија во Скопје се невистинити

Од:

Градот Скопје реагира на серијата на прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ на кои се пласираат разни невистини и шпекулации околу работата и состојбите со депонијата Дрисла.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека сите наводи пласирани во јавноста за наводното преселување на струшката депонија во Скопје се невистинити и целосно ги отфрламе.

Сметаме дека пласирањето на ваквите лаги и шпекулации во јавноста е крајно неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, каде за нивните дневно политички потреби непотребно креваат паника кај граѓаните за непостоечки проблеми.

Изминативе неколку месеци Градот Скопје презеде серија на чекори за подобрување на работата на оваа депонија, се во насока на подобрување на нејзината ефикасност, како и за намалување на потенцијалното загадување за животната средина. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека само пред неколку денови, на иницијатива на градоначалникот Шилегов, за прв пат е поставен филтер на инсенератор за согорување на медицински отпад во Дрила. Дополнително, во постапка е и поставување на целосно нов инсенератор во Дрисла, со што нејзиното работење целосно ќе биде елиминирана како фактор на загадување во градот“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски