Град Скопје: Секој што смета дека погрешно му е блокирана сметката да побара разгледување

Од:

„Градот Скопје сака да им појасни на граѓаните дека во согласност со законот за даноците на имот, секој даночен обврзник добива решение за плаќање годишен данок на имот и комунална такса фирмарина до 31 март во тековната година. Решението се плаќа на тримесечни рати до крајот на годината или во рок од 15 дена по добивањето на решението.

По истекот на годината во која требало да се плати данокот на имот и фирмарината, Град Скопје испраќа опомени за неплатен данок на имот и фирмарина до физичките и правните лица (даночните обврзници).

Откако ќе помине рокот во кој требало да се изврши наплата на данокот на имот и фирмарината по доставената опомена, Град Скопје изготвува решение за присилна наплата до физичките и правните лица (даночните обврзници), а доколку по решението за присилна наплата не е извршена уплата на даночната обврска се изготвува решение за блокада на сметка по банките.

По објавеното соопштение до јавноста од Град Скопје, испратено на 29.01.2018 година, дека постапката за присилна наплата на данокот на имот за 2016 година е во тек со цел да се избегне непотребното блокирање на трансакциските и жиро-сметките, и по апелот обврзниците уште еднаш да си ги проверат и подмират уплатите за 2016 година, Градот Скопје изготви решенија за блокада на сметките на даночните обврзници што не ги подмирија даночните обврски.

Градот Скопје сака да нагласи дека секое физичко или правно лице кое што смета дека погрешно му е блокирана сметката во банка може да дојде во просториите на Град Скопје, во бараката со број 16 или на сајтот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk) да пријави проблем, по што службите ќе го разгледаат нивното барање и соодветно ќе одговорат“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он