Град Скопје: Се ревидира зошто Перински вработил речиси 100 лица во ЈП Водовод и канализација

Од:

По најава пред еден месец за вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил екс-директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Златко Перински покажа дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци, велат од Град Скопје.

„Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Партизацијата и корупцијата е рак на македонското општество, но и на државните институции кои повеќе од 30 години се деградирани од однесувањето на одредени поединци.

Нема да дозволиме средствата на граѓаните да се трошат за вдомување на партиски кадри и нема да се дозволи корупција, непотизам и остварување на лични и теснопартиски интереси, нема да дозволиме да се прави нешто што е на штета на скопјани“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски