Град Скопје: Се одзема дел од дворот на “Кочо Рацин“ зашто пешачката патека е од големо значење за учениците

Од:

Сакаме да ја информираме јавноста дека минатиот месец Градот Скопје ја почна реализацијата на капиталниот проект за реконструкција и проширување на улицата „Тодор Александров“, на потегот од крстосницата со булеварот Мајка Тереза и улицата Белградска, кај ОУ „Кочо Рацин“, до кракот на оваа улица што води кон Панорама. Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи непречено движење на растечкиот број посетители кон рекреативните содржини на Водно.

Овој проект се реализира согласно со планската документација – ДУП населба „Цвеќара“ 28-4661/5 од 24.06.2013 година издадена од градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Дополнително, истата се реализира согласно со проект за инфраструктира за улица „Тодор Александров“ од раскрсница со улица „Мајка Тереза“ кон хотел Панорама, заведен под број 13.4490/1 на ден 01.07.2014 година.

Околу поместувањето на оградата во ОУ „Кочо Рацин“, сакаме да ја информираме јавноста дека истото се прави со цел изградба на пешачка патека којашто ќе ја користат учениците на училиштето, посетителите на Водно и сите преостанати граѓани, и со неа ќе се зголеми нивната безбедност.

Дополнително, просторот што ќе се одземе од училишниот двор е со вкупна површина од 23 квадратни метри, со што воопшто нема да се наруши функционалноста на училиштето и училишниот двор. Станува збор за простор што е од минимално значење за училиштето, а тој простор ќе се искористи за изградба на пешачка патека која е од голема корист за учениците и за сите граѓани.

Овој проект се реализира согласно со сите законски прописи и Градот Скопје ги поседува сите потребни дозволи и согласности, реагираат од Град Скопје по повикот на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски да не се узурпира училишниот двор во “Кочо Рацин“.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он