Град Скопје: Пријава против НН лица поради обид за саботажа и уништување на јавен имот

Од:

Градот Скопје заедно со општина Карпош денеска поднеле пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на таканаречениот „Железнички Мост“ на булеварот „Васил Чакаларов“, во општина Карпош, во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.

-Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување на општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки, е наведува во соопштението од Град Скопје.

Оттаму со апел до сите институции да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава, како и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување.

Би можело да ве интересира

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он