Град Скопје: Поради коалицијата ДПМНЕ – СДСМ во Советот, скопјани нема да добијат 50 нови, модерни и еколошки автобуси

Од:

„Коалицијата ДПМНЕ – СДСМ работи против интересите на граѓаните во Советот на Град Скопје. Претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес одби по четврт пат да ја стави на дневен ред во Советот за гласање предлог точката за набавка на нови еко-автобуси за потребите на граѓаните“, велат од Град Скопје.

„Само поради антинародната коалиција ДПМНЕ – СДСМ во Советот на Градот Скопје, скопјани нема да добијат 50 нови, модерни и еколошки автобуси.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обединети кога станува збор за паушалите од по 500 евра кои ги земаат советниците, обединети по однос на паушалите кои ги земаат нивните кадри во надзорните и управните одбори, обедините кога се работи за партиските вработувања, но се нема слух кога станува збор за интересите на граѓаните.

Славевски како и останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ се шетаа од врата на врата промовирајќи ја програмата „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска, а сега откако станаа дел од Советот работат спротивно на интересите на граѓаните и прават се за програмата која ја доби довербата на граѓаните да не се исполни.

Но тоа не е се бидејќи коалицијата ДПМНЕ – СДСМ во Советот на Град Скопје продолжува да се служи со лаги и манипулации . Градот ниту е пред банкрот, ниту ќе банкротира и прави се што е технички возможно да ги врати долговите кои ги наследил од претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои работеле недомаќински и ги задолжиле скопјани за милионски суми.

Градот Скопје нема да прави компромис со вистината, ниту пак со проектите кои сме ги ветиле пред граѓаните, програмата „За модерно Скопје“ ќе се реализира на еден или на друг начин им се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или не бидејќи за нас интересот на граѓаните е пред се“, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?