Град Скопје: Наместо конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ бега од одговорност

Од:

Ништо од лажната конструктивност на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо конструктивност, оваа партија има единствена цел да бега од одговорност, да предизвикува хаос секаде каде што немаат партиски интерес и со лаги да ја прикриваат вистината. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ која трета година е власт во Град Скопје, не гласа инвестиции, не гласа за проекти, блокира програми за работа и советниците наместо да работат глумат икебани во Советот на град Скопје за 500 евра по седница за да им го загорчуваат животот на скопјани, се вели во соопштението од Одделение за односи со јавност на Град Скопје.

„ВМРО-ДПМНЕ не смее да писне за еколошката катастрофа во Тетово, Гостивар, Радовиш, Битола, Прилеп, Кочани. Молчат за катастрофалните состојби во општини каде што имаат градоначалници, мнозинство во Советите и свои директори. Молчат за Штип каде со месеци вработените во ЈП “Исар” не земале плата, бидејќи градоначалникот сменил 5 директори. Време е ВМРО-ДПМНЕ да преземе одговорност за состојбите во градот Скопје и конечно да го одблокираат Советот, наместо да паразитираат за 500 евра паушал“, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски