Град Скопје: На В.Д. Директорот на ЈСП Иван Илиевски му истече мандатот во јавното претпријатие

Од:

Град Скопје информира дека на досегашниот вршител на должноста Директор во Јавното сообраќајно претпријатие, Иван Илиевски му престанал мандатот како В.Д. Директор. Постапката за избор и именување на нов В.Д. Директор на ЈСП е во тек.

„На досегашниот директор градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му се заблагодари за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследи со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие со неговиот добар менаџмент и посветена работа, претпријатието го остава во добра организациска поставеност, решен голем број на проблемите како на граѓаните така и на вработените.

Од преземањето на функцијата, во рок од еден месец, в.д директорот Иван Илиевски во ЈСП презема повеќе мерки за зголемување на бројот на автобуси на сите линии, а вратени беа во функција и повеќе линии кои речиси две години беа времено укинати“, соопшти Град Скопје.

„Истовремено, во сообраќај се пуштија неколку пробни линии, сето ова со цел да се олесни на граѓаните, корисници на јавен превоз, подостапно и побрзо превезување од/до потребните дестинации.

Воведени/продолжени пробни линии:

-Ноќни линии (61 Тр.центар – Побожје и 63 Тр.центар – Мралино)

– Продолжи пробниот период на линиите: 50А Кл.центар – Хиподром 2 и 29 Жданец – Карпош 3.

Споредбено со овој период, за разлика од минатата година кога секојдневно во сообраќај беа вклучени 140 возила, сега јавниот превоз се одвива со 270 возила. Со тоа автоматски се намали интервалот на чекање, односно пристигнување/заминување на возилата на секоја линија.

По речиси двегодишно неработење поради Ковид мерки, почнаа да важат:

-Ноќните линии (28.12.2021 год)

-Жичарница (30.12.2021 год)

-Трите автобуски линии до Средно Водно (30.12.2021 год)

-Бесплатниот превоз за возрасни лица (25.03.2022 год)

-Беше воведен и дневниот билет (11.04.2022 год)

-Пуштени се времени автобуски линии до СЦ “Борис Трајковски”, како поддршка на Саем на книга 2022 година.

Со домаќинско и одговорно работење во делот на финансиите во период јануари/март 2022 год:

Остварени се приходи од тековното работење во висина од 45,7 милиони денари. Зголемени се вкупните приходи во споредба со истиот период лани за 65%. Спроведени се законските прописи во однос на минималната плата и исплата на надомест за работа во недела.

Од преземањето на функцијата остварени се средби со речиси сите урбани заедници/Општини за решавање на проблеми со јавниот превоз укажани од граѓаните (промена на воз.ред, кратење/продолжување на траси, поставување/обележување автобуски постојки, воведување на нови линии).

ЈСП се вклучи во акција за подигнување на свеста за лицата со попреченост, а наскоро во соработка со Град Скопје ќе се спроведе обука на возачите за поголема свесност кон посочената категорија патници.

Се продолжи договорот со Град Скопје за организиран бесплатен превоз за лицата со попреченост со специјални возила. Официјално се донесе одлука за дозволен превоз на куче придружник на лицата со попреченост. Се прошири секундарната дистрибутивна продажна мрежа на услугите на ЈСП.

В.Д. директорот се заложи за нулта корупција и спречување судир на интереси, тој беше дел е од постапката на ветинг, процес кој го започна Град Скопје.

И покрај покачувањето на цената на нафтата и нафтените деривати, цената на сите услуги (билети) во ЈСП остана иста, а нема/ше ни редуцирање на возниот ред.
Со трите синдикати се договори потпишување на нов колективен договор во интерес на вработените во ЈСП. Овозможено е купување/валидирање на билет со мобилна апликација, а во завршна фаза е изработка на нова веб страница.

Решен е деценискиот проблем кој го имаше ЈСП со статусот на 82 помлади возачи.

Исплатена е и првата рата од кредитот на ЕБОР за 33 МАН возила во висина од 50 милиони денари.

Во интерес на јавноста во следните денови ќе биде објавено кој ќе го води претпријатието, а Градот Скопје како основач на ЈСП ќе продолжи да работи на подобрување на сообраќајот во главниот град во интерес на сите граѓани“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он