Град Скопје ќе троши пари за кампања за оџачари и екстремни спортови

Од:

Градот Скопје ќе потроши речиси девет илјади евра за три кампањи – за оџачари, зазеленување и екстремни спортови.

Според објавата на Бирото за јавни набавки, кампањата за промоција за обука на оџачари е 169,461 денар без ДДВ, или околу 2800 евра. Парите всушност ќе завршат во некоја маркетинг агенција за како што се наведува „маркетиншки решенија за проекти од интерес на граѓаните“.

Во документацијата се бара „изработка на креативен концепт за промоција за обука на оџачари“, како дел од првата фаза. Во втора фаза е предвидено медиумско покривање на обуката на оџачари. Во третата фаза следува промоција на обучените оџачари, овозможување на лесен пристап и комуникација со оџачарите и промовирање на оџачарството, се наведува во документацијата.

Градоначалникот на Скопје, Петре шилегов во кампањата ветуваше гасифицирање на Скопје. Тој зборуваше дека до секој јавен и приватен објект во Скопје ќе се заврши изградбата на примарната гасоводна мрежа, а секундарна за населбите од градот кои не се поврзани на централниот топлификациски систем.

За истата сума, Градот бара агенција која ќе изработи и спроведе кампања за зазеленување на Скопје која ќе се вика „Дрво за секое дете“. Понудувачот, покрај останатото, треба да состави идејно решение за изработка на плочки, на кои ќе бидат запишани имињата на децата, со кои ќе бидат обележани дрвјата. Во техничките спецификации се бара и креативен концепт за кампањата „Пријави исечено стебло“, за што понудувачот треба да достави видео-спот, лого, банер.

За сума од 169.491 денари или приближно 2800 евра, без ДДВ, Град Скопје бара економски оператор кој ќе изработи и спроведе кампања за развој на спортот во главниот град, односно за афирмација и поддршка на нови и помалку присутни екстремни спортови во главниот град. Носителот на набавката е должен да изработи концепт за промоција преку видео-спотови, анимиран банер за веб-страница, летоци и визуелен дизајн.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он