Град Скопје ќе го раскине договорот за новогодишно украсување на градот

Од:

Град Скопје преку писмено соопштение информира дека побарал раскинување на договорот со Линк медиа плус дооел за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно 243.000,00 евра.

– Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус дооел за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно 243.000,00 евра, известуваат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека следната година наместо досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните и ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на Градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.

Ова, велат од Град Скопје, е само прв пример за воспоставување нова пракса на одговорно и транспарентно работење на Градот, со што, потенцираат, ќе се стави крај на неодговорното работење и трошење на градските буџетски средства.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски