Град Скопје: Градежната офанзива за 2020 година е завршена

Од:

„Во текот на иницијативата на Град Скопје, беа реконструирани 15 сообраќајници низ сите општини во Скопје, додека во процес на изградба се и уште три нови сообраќајници.

Дополнително, на градските сообраќајници беше поставен нов асфалт во должина од 40 километри, што за споредба е подеднаква должина колку патот Скопје-Куманово“, информира Град Скопје.

„Паралелно, се пробиваат нови мостови, улици и булевари во вкупна должина од 2.5 километри, со изведба на нови велосипедски патеки на 5 улици, како и нови тротоари со дрвореди и жардињери на уште 5 улици.

Значајно е да се нагласи дека целосно е реконструиран источниот влез во градот. Но најважно од сѐ, сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови од 10-30 денови“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски