Град Скопје во мај објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк, а на конкурсот пристигнале 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот, во близина на Сточарскиот институт и спроти Кајак-кану клубот „Илинден 90“, информираат од Градот.
По разгледување на пристигнатите трудови, Комисијата за оценување за најсоодветни решенија ги избра трудовите со работна шифра „ОМММ“, „Коноид“ и „Конус“, и тоа за: Локација број 1: Површина во Градски Парк Скопје , која се наоѓа во првиот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, – труд со работна шифра “ОМММ“;
Локација број 2: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа спроти Сточарски институт, – труд со работна шифра „Коноид“. Ова идејно решение за сцената, гледалиштето, па и во однос на хортикултурното уредување; и:
Локација број 3: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа во вториот дел на Паркот, односно во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот.
Генералната оценка на Комисијата е дека конкурсните барања се во голема мера запазени, односно дека е запазена и испочитувана проектната програма, предложен е уникатен дизајн и предложени се материјали со долговечност за
изработка.
„Исто така, предложените идејни решенија се одликуваат со високи естетски вредности, придонесуваат врз подобрување на културните навики на жителите на град Скопје и одлично се вклопуваат со непосредното опкружување,“ велат од Градот.
Град Скопје најдобрите трудови ги наградува со по 70.000 денари за секоја од трите локации и ќе склучи договори со избраните автори, се вели во соопштението.